E. Пелистер го прегази Тиквеш и сега е два чекори поблиску до одбрана на титулата

Ракометарите на Е. Пелистер се чекор поблиску до одбрана на титулата во домашниот шампионат, откако вечерва во 12. коло од плеј-офот на домашен терен го прегазија Тиквеш со 35-25.

Уште од самиот старт на мечот домаќините ја покажаа разликата во квалитет, па веќе на пауза имаа сигурни плус четири 18-14. Во вториот дел битолчани само ја зголемуваа својата предност за на крајот да стигнат до убедлив триумф од 35-25.

Богдан Радивојевиќ со седум гола беше најефикасен во таборот на победникот, додека кај поразените Срѓан Мијатовиќ заврши со пет гола.

Се вчитува...