Е. Пелистер почна со тренинзите на отворено, од утре во Маврово (ФОТО)

Ракометарите на Е. Пелистер денеска ги почнаа подготовките за новата сезона со тренинг на отворено покрај „Тумбе кафе“. Тренерот Жељко Бабиќ означи почеток на тренажниот процес низ кој ќе се темпира формата за настапите на интернационалната и домашната сцена.

Мандалиниќ, Кушан, Мараш, Периќ, Костески, Кукуловски и Танкоски се нови имиња во таборот на битолчани, а екипата ја напуштија Митревски, Јотиќ, Остроушко, Шевелев, Петровски, Кузманоски.

Избраниците на Бабиќ од утре заминуваат на подготовки во Маврово, каде ќе поминат две недели. Потоа преку турнирски натпревари Бабиќ ќе ја бара формата на тимот. Предвидено е Е.Пелистер да игра на турнирите во Струга и во Атина.

Се вчитува...