Ракометарите на Е. Пелистер стигнаа до првата победа сезонава во Суперлигата откако денеска славеа на домашен терен против Мулти Есенс со 38-27.
Гостите од Скопје подобро го отворија мечот и имаа водство во воведните десет минути. Сепак, домаќинот заигра подобро во продолжение и веќе на пауза имаше предност од 18-14.
Во вториот дел избраниците на Лоно Червар рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 38-27.
Ненад Белистојаноски со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Давид Трајковски постигна седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
