Е. Пелистер со лекција за Вардар и во „Јане Сандански“ (ФОТО)

По победата во финалето на турнирот „Струга 2020“, ракометарите на Е.Пелистер славеа против Вардар и на пријателскиот натпревар кој се одигра во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Битолчани, овој пат, триумфираа со 26-21.

„Пелистерци“ одлично го почнаа мечот поведувајќи со 0-5 за само осум минути игра. Но, домашните успеаја да се вратат во игра па на средината од полувремето беше 5-6, сепак избраниците на Бабиќ не дозволија до полувремето да се стигне до пресврт, добивајќи го со еден гол разлика (9-10).

Во второто полувреме тотална доминација на гостите за конечна победа од пет гола разлика (21-26).

Мора да се напомене дека за Вардар не играа Кристијан Дисингер и Ловро Јотиќ, кои имаат полесни повреди, додека Бабиќ не можеше да смета на Мики Кукоски.

Се вчитува...