Македонскиот ракометен вицепрвак Е. Пелистер забележа победнички старт на подготвителните натпревари за новата сезона. Битолскиот тим ја совлада репрезентацијата на Катар со убедливи 36-24, во меч во кој дебито на клупата на битолчани го имаше Лино Червар кој за противник на клупата на Катар го имаше својот голем ривал Веселин Вујовиќ.
Избраниците на Лино Червар доминираа во текот на целиот натпревар. Веќе на паузата битолчани имаа предност од 18-12, најавувајќи го високиот триумф. Овој дуел ги врати сеќавањата на незаборавните пресметки меѓу Металург и Вардар. Иако овојпат Червар и Веселин Вујовиќ водеа други тимови, нивниот препознатлив натпреварувачки дуел остана на највисоко ниво.
По успешниот тест со Катар, ракометарите на Е. Пелистер ги продолжуваат подготовките со нов пријателски натпревар против словенечка Крка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
