Maкедонскиот ракометен вицешампион Е. Пелистер го дозна комплетниот распоред за настапот во групната фаза од Лигата на Европа, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги официјализираше термините за сите шест натпревари.
За противници во групата битолчани ќе ги имаат Гумерсбах, Ла Риоха и Гдањск.
Европската авантура за избраниците на пелистерци ќе започне на 30 септември, кога во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола ќе гостува тимот на Ла Риоха. Веднаш по воведниот дуел на домашен терен, македонскиот состав го очекува првото гостување и пат за Полска, каде ќе ги одмери силите со Вибжеже Гдањск.
ГРУПНА ФАЗА ЛИГА ЕВРОПА:
1 коло 30 септември, 20.45 Еурофарм Пелистер – Ла Риоха
2 коло 6 октомври, 18.45 Вибжеже Гдањск – Еурофарм Пелистер
3 коло 13 октомври, 18.45 Гумерсбах – Еурофарм Пелистер
4 коло 17 ноември, 20.45 Еурофарм Пелистер – Гумерсбах
5 коло 24 ноември, 18.45 Еурофарм Пелистер – Вибжеже Гдањск
6 коло 1 декември, 20.45 Ла Риоха – Еурфарм Пелистер
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
