Е. Пелистер загуби од АЕК во мечот за трофејот на турнирот во Атина

Ракометарите на Е. Пелистер, по двете победи загубија на последниот натпреварот кој одлучуфаше за трофејот на ракометниот турнир во Атина.

Битолчани загубија со 31-29 (17-12) од домаќинот АЕК освојувајќи го второто место на турнирот.

Македонскиот состав одлично го почна мечот диктирајќи предност од два до три гола во првите десет минути, но потоа Грците комплетно ја презедоа контролата на играта и резултатот. Грците во второто полувреме тотално доминираа, во еден момент имаа предност и од седум гола разлика (22-15), но ракометарите на Е. Пелистер одиграа квалитетен финиш за конечен пораз од два гола, 31-29.

Се вчитува...