Еден автогол, три бода за Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид ја забележа и шестата победа во Ла Лига, триумфирајќи со 0-1 на гостувањето против Валенсија. Суарез и Коста отсуствуваа поради повреди, Симеоне реши да го одмори и Жоао Феликс стартувајќи го мечот без младиот Португалец, но и со комбиниран состав успеа да стигне до трите бода.

Атлетико имаше целосна доминација на теренот, избраниците на Симеоне имаа над 75% од поседот над топката, но за триумф им требаше помош од домашните фудбалери. До трите бода стигнаа благодарение на автоголот на Лето, кого топката го удри по центаршутот на Караско и заврши во мрежата.

Мадридскиот клуб сега има 23 бода, исто колку и Реал Сосиедад на делба на првото место на табелата, но Атлетико има и меч помалку од прволигашот од Баскија.

Се вчитува...