Еден Азар се враќа во тимот на Реал Мадрид

Белгискиот интернационалец Еден Азар ќе се врати во тимот на Реал Мадрид, потврди тренерот на клубот, Карло Анчелоти. Уште од доаѓањето на „Сантијаго Бернабеу“ Азар не покажа зошто е донесен, а најчесто се мачеше со повреди.

Сезонава повторно поради повреда мораше да пропушти поголем дел од натпреварите, но сега е подготвен за „кам-бек“. Карло Анчелоти на денешната пресконференција објави дека Белгиецот ќе се најде во почетниот тим на мечот против Кадиз кој на програмата е утре од 21 часот.

Азар сезонава запиша само 12 настапи во дресот на „кралевите“ на кои забележа само една асистенција.

Се вчитува...