Еден е „Гранде Пандев“: Ја отвори со гол 17. сезона во Серија А (ФОТО)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев со гол во победата на Џенова над Кротоне од 4-1 ја отвори новата сезона во Серија А. Со овој погодок „Гранде Пандев“ влезе во аналите на италијанскиот фудбал бидејќи ја почнува 17. сезона  во Калчолигата и успеа да се запише меѓу стрелците.

Првиот гол Пандев го постигна во далечната 2003 година кога беше дел од Анкона тим кој во 2010 година згасна. Вкупната бројка на голови на Пандев е 95, а се надеваме дека до крајот на тековната сезона ќе успее да стигне до бројката од 100 со која ќе влезе во легендите на италијанскиот фудбал.

Се вчитува...