Еден е Кристијано Роналдо… и повторно е кошмар за Атлетико

Кристијано Роналдо долги години му набиваше комплекс на Атлетико Мадрид носејќи го дресот на Реал, но португалскиот ас најдобрата партија против „јорганџиите“ сепак ја покажа во дресот на Јувентус, предводејќи го својот тим до целосен пресврт и победа од 3-0 на реваншот и пласман во четврт-финалето од елитното европско натпреварување.

Кога пред натпреварот ги повика навивачите да веруваат во тимот и да му дадат поддршка, Роналдо знаеше колку е тоа важно. По првиот гол бараше уште пожестока атмосфера, а кога погоди за 2-0 „вулканот“ во Торино проработе. Младиот Кеан имаше одлична шанса да стане херој, но промаши од идеална позиција. Впрочем, тој епитет вечерва можеше да му припадне само на Кристијано, кој го комплетираше хет-трикот од пенал, по прекршокот врз Бернардески за тотална еуфорија на „Алијанц арена“ во Торино.

Португалецот ги промени клупските бои, но и кога е надвор од Шпанија се уште е кошмар за Диего Симеоне и за Атлетико Мадрид.

Се вчитува...