Еден Гудуриќ недоволен за победа против ЦСКА – Русите на чекор до нов ‘Ф4’

ЦСКА Москва стигна до предност од 2-0 во четвртфиналето од Евролигата откако на домашен терен повторно славеше на Фенербахче со 78-67. За разлика од првиот натпревар одигран пред два дена (92-76), овој меч составот од Истанбул беше далеку поквалитетен противник, но фаворизираниот руски состав повторно ја оправда улогата, а на Фенербахче не му помогна ниту блескавата партија на Марко Гудуриќ.

По изедначената прва четвртина ЦСКА Москва иницијативата ја превзема во вторите десет минути во кои стигна и до двоцифрена предност. Фенербахче успеа целосно да се врати во игра во третата четвртина, но турскиот состав немаше сили да направи разлика. Московскиот тим ги консолидираше своите редови, повторно го превзема водството и со „комотна“ предност до дочека крајот на дуелот.

Даниел Хакет беше предводник на ЦСКА Москва со 14 поени и 8 асистенции, Шенгелија додаде 11 поени, 7 скока и 7 асистенции, додека со 10 поени и 6 скока мечот го заврши Никита Курбанов. Убедливо најдобар во турскиот тим со 27 поени и 3 асистенции беше Марко Гудуриќ, а него го следеа Де Коло и Бартел со по девет поени.

 

Се вчитува...