Еден податок доволно говори зошто Модриќ е легендарен

Лука Модриќ по преминот во Милан не заборави да игра фудбал и брзо се наметна како еден од предводниците на тимот на Масимилијано Алери притоа забележувајќи еден гол и една асистенција.

Американскиот новинар Матео Бонети изнесе интересен факт кој говори за издржливоста, но и посветеноста и мотивацијата на Хрватот кој и покрај тоа што е во петтата деценија од животот не размислува за пензија, а ниту за премин во ниските лиги.

„Уште една неверојатна работа за Модриќ е неговата издржливост. Одигра 17 сезони со повеќе од 40 насапи во сите натпреварувања. Тоа е неверојатно. Толку километри во нозете, а и понатаму е свеж на 40 години“, напиша Бонети на социјалните мрежи.

Се вчитува...