Најголемата фудбалска ѕвезда на Босна и Херцеговина, Един Џеко, на претстојното Светско првенство ќе настапи во уникатни „OneOfAKindS“ копачки, кои се дело на познатиот македонски уметник Сатја Грабулоски и неговото студио „Swithadot Studios“.
Дизајнот на овие спортски уникати е инспириран од препознатливиот прекар на фудбалерот „Босанскиот змеј“. Ексклузивните копачки содржат рачно изработени елементи во сина боја, мотиви од босанското знаме и префинети детали изведени со 18-каратно течно злато. Овие златни акценти ја симболизираат големината, лидерството и трајното спортско наследство кои Џеко ги остава зад себе во фудбалската историја.
„Един е еден од најголемите спортисти што излегле од Балканот – капитен, лидер и, пред сè, одличен човек. Особено ми е драго што успеавме да го реализираме овој проект, бидејќи тој беше на самиот врв на нашата листа на желби. Сите имиња со кои сме соработувале имаат статус на GOATs и се најдобрите во своите генерации и лидери на своите репрезентации. Со овие соработки, на некој начин и Македонија ќе биде присутна на Светското првенство“, вели Грабулоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
