Един Џеко пред потпис со Јувентус

Босанскиот интернационалец Един Џеко ќе биде засилувањето за италијанскиот првак Јувентус. Новиот тренер Андреа Пирло инсистира „старата дама“ да доведе нов голгетер откако Гонзало Игуаин го напушти Торино, а Џеко отсекогаш бил негова приоритетна цел иако Јувентус влезе во преговори и со Луис Суарез од Барселона.

Италијанските медиуми наведуваат дека преговорите се веќе финализирани, Рома го носи Аркадиуш Милик како замена за Џеко, а можно е Јувентус во размена да го понуди и Матија Де Шилјо. Босанскиот напаѓач во дресот на Јувентус ќе заработува 7 милиони евра по сезона, а најверојатно ќе потпише двегодишен договор.

Се вчитува...