Единсон Кавани, засилување за нападот на Реал?

Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани би можел да го облече дресот на Реал Мадрид, тврди “Марка”. Тој е слободен агент откако го заокружи договорот со ПСЖ и чека добра можност за продолжување на кариерата. Веројатно и најдобрата за искусниот голгетер е да пристигне на “Сантијаго Бернабеу”.

Кавани е во родниот Уругвај, но раководството на Реал Мадрид стапи во контакт со неговиот агент и се надева дека напаѓачот ќе прифати понуда од 7 милиони евра по сезона за да го засили тимот на Зинедин Зидан. Синоќа Реал немаше решение за одбраната на Реал Сосиедад и тоа е уште една причина повеќе за да биде склучен договор со Кавани.

Уругваецот наводно бара 10 милиони евра годишна плата и договор на 1+1 сезона.

Се вчитува...