Месина: Единственото логично решение е европските натпреварување да се стават во мирување

Тренерот на италијанскиот претставник во Евролигата, Олимпија Милано, Еторе Месина, кој е и една од највлијателните личности во модерната историја на ова натпреварување, испрати моќна порака до лидерите на европските федерации.

„Живееме во многу сериозно и предизвикувачко време. Владите на голем дел од европските држави превземаат мерки со кои ги затвараат своите заедници, или дел од нив, со цел да ги заштитат луѓето од Ковид-19. Секоја недела ние имаме се повеќе играчи, тренери или членови на стручните штабови кои имаат позитивни тестови, а со тоа се повеќе се одложуваат натпревари во домашните или во интернационалните натпреварувања. Патувањето на интернационалната сцена доведува до сериозни здравствени проблеми за тимовите и за судиите. Наскоро нема да има поволно време за одигрување на оние натпревари кои се одложени, а резултатите ќе зависат од тоа кој ќе биде посреќен и ќе има помалку заболени лица во својот тим“ – наведе Месина во својот допис.

Покрај тоа искусниот стратег излезе и со предлог за спас на понатамошниот дел од сезоната.

„Засега единственото логично решение е европските натпреварувања да се стават во мирување со што ќе се дозволи домашните превенства да ги завршат своите сезони во следните четири месеци, a патувањето во самите држави не би бил проблем. Потоа од март или април можат да се одиграат и интернационалните натпреварувања, секако со запазување на термините за подготовка за престојните олимписки игри.“ – додаде Италијанецот.

Засега дел од натпреварите во Евролигата беа одложувани, а дел од тимовите беа приморени да играат без заболените играчи.

Се вчитува...