Единственото момче што Конте не го сакаше – ја донесе титулата!

Мичи Батшуаи…Момчето кое не беше во плановите на Антонио Конте целата сезона – на крајот ја обезбеди титулата за Челси. Постигна погодок за триумф (0-1) против Вест Бромвич Албион, со кој тимот од „Стемфорд бриџ“ и дефинитивно е недостижен на врвот за конкурентот Тотенхем.

Батшуаи влезе во игра во 76.минута и само шест минути подоцна ја затресе мрежата на противникот. Тоа е фудбалерот кој играше убедливо најмалку оваа сезона, најави дека ќе си замине поради малата минутажа, но фортуната сакаше токму тој да биде стрелецот на голот што и дефинитивно ја врати шампионската круна на „Стемфорд бриџ“.

Инаку, Мичи Батшуаи оваа сезона одигра само 127 минути во дресот на Челси во Премиер – лигата. Имаше три шута во рамките на противничкиот гол, постигна два гола, креираше една шанса и забележа една асистенција. За минутажата сосема доволно, а засекогаш ќе се памети дека со неговиот гол Челси стигна до шестата шампионска титула во клупската историја.

Се вчитува...