Валенсија стигна до три бода на гостувањето против Реал Сосиедад, триумфирајќи со минимални 0-1 без оглед на бројните проблеми со составот со кои се соочуваа „лилјаците“ во пресрет на овој меч.
Гостите им ја препуштија иницијативата на фудбалерите на Реал Сосиедад, кои и покрај поголемиот посед не успеаја да го најдат патот до мрежата. Затоа пак Валенсија својата единствена шанса ја претвори во погодок, Макси Гомез биеше прецизно од непосредна близина по одличната асистенција на Гаја.
Реал Сосиедад во 94. минута успеа да постигне гол за израманување, но истиот беше поништен со ВАР поради играње со рака на Елустондо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА