Едуарда Аморим ни го загорчи финалето и откри: Планирав да дојдам во Вардар, ама тоа сега е готово…

ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Б.Петрушева, Кристијан Димевски

Едуарда Аморим Талеска ги постигна клучните голови за Ѓер за нова титула и за уште еден горчлив пораз на Вардар. Поранешната ракометарка на Кометал ЃП, со Ѓер ги бележи најблескавите моменти во кариерата.

По мечот призна и една работа:

„Планирав да дојдам да играм во Вардар, ама тоа сега е готово, Вардар се растура…“

Бразилската репрезентативка, позната и како „македонска снаа“ симболично, го постигна првиот гол, а на крај и стави точка на денешното финале постигнувајќи ги решавачките голови за триумфот на Ѓер во двете продолженија.

Да, можеби ги постигнав решавачките голови во продолжението. Бев посвежа од другите. Но оваа победа и оваа титула е заслуга на целиот тим“

Се вчитува...