Ефенберг удри по Баерн: Кој будала плаќа 80 милиони евра за дефанзивец

Поранешниот германски репрезентативец, Штефан Ефенберг, жестоко ја критикуваше одлуката на раководството на Баерн Минхен да потроши 80 милиони евра на Лукас Хернандез од редовите на Атлетико Мадрид. Според Ефенберг, немало никаква потреба да се потроши толкава сум на одбранбен фудбалер.

„Цело време се фалат дека носат светски шампиони, но кој може да гарантира како ќе се снајде Хернандез во Баерн. Во овој трансфер има само еден добитник – Атлетико Мадрид, кој добро го наплати заминувањето на играчот. Сумата е неверојатна, мене ме боли желудникот како се троши богатство, но мислам дека ако веќе се даваат толку пари, треба да се вложат во напаѓач или во играч за врска. Што е следно, зарем за пет години возачот на автобусот на Баерн ќе го плаќаат пет милиони евра“ – истакна Ефенберг.

Баерн Минхен долго го критикуваше светскиот тренд на трошење на богатство на нови фудбалери, но се очекува по Хернандез да инвестира уште околу 100 милиони евра на нови играчи во летниот преоден рок.

Се вчитува...