Ефес го носи најдобриот дефанзивец во Евролигата

Анадолу Ефес планира да состави моќен тим за борба за нова европска титула во наредната сезона, за нов тренер пред договор е Игор Кокошков, а веќе напорно се работи и за неколку врвни засилувања во играчкиот кадар.

Ник Вајлер Беб би требало да биде едно од првите засилувања на Ефес летово откако одличниот бек начелно ја прифатил понудата на турскиот гигант. Станува збор за играч кој имаше извонредна сезона зад себе, беше избран и за најдобар дефанзивец во Евролигата, по што неговата цена на пазарот значително скокна и тој реши да си замине од Баерн Минхен.

Олимпијакос покажуваше сериозен интерес да го доведе во своите редови, но ситуацијата се промени откако Ефес се вклучи во трката, понудата од Турција е далеку повисока од онаа грчката, па се очекува Вајлер Беб во наредните денови и официјално да го стави својот потпис на договорот со двократниот европски првак од Истанбул.

Се вчитува...