Ефес го освои Белград, Зенит сигурен против Жалгирис

Анадолу Ефес стигна до шестата победа во Евролигата откако на гостински терен во Белград славеше над Црвена Звезда со 64-75 во 11. коло. Турскиот состав одлично го започна натпреварот и набргу стигна до двоцифрена негатива од која домашниот состав немаше сили целосно да се врати. На овој натпревар шутот не ги служеше „црвено-белите“, кои шутираа 5/20 за три поени.

Најрасположен во таборот на белграѓани беше Кори Волден со 14 поени и 4 скока, додека Џордан Лојд натпреварот го заврши со 10 поени и 5 скока. Предводник на гостинскиот состав беше Шејн Ларкин со 18- поени и 5 асистенции, додека Адриан Моерман додаде 17 поени и 9 скока.

На победа се радуваше и Зенит кој полека ги консолидира своите редови по проблемите предизвикани од коронавирус. Третиот триумф во низа Русите го запишаа против Жалгирис откако на гостински терен славеа со 75-83. Зенит го одржуваше водството уште од првата четвртина, а на крајот Литваниците успеаја само да ја ублажат негативата со добрата игра во последните десет минути.

Остин Холинс беше прво име кај Зенит со 20 поени, додека Вил Томас додаде 16 поени и 7 скока. Предводник на литванскиот тим беше Марус Григонис со 18 поени и 3 асистенции, а Жофри Ловерн додаде 17 поени и 8 скока.

Се вчитува...