Ефес го прегази Жалгирис, Басконија го одбрани домашниот терен од Баерн Минхен

Кошаркарите на Анадолу Ефес ја продолжија фантастичната победника низа со нов триумф над Жалгирис од 89-62. Шејн Ларкин беше првото име кај домаќините со 18 поени и 3 асистенции, додека него го следше Василије Мициќ со 17 поени, 4 скока и 4 асистенции. Предводник на литванскиот состав со 15 поени и 8 асистенции беше Томас Волкап.

До значајна победа стигна и Басконија која успеа да го совлада Баерн Минхен со 78-71 на домашен терен и остана во игра за место кое води во плејофот. Рокас Гидраитис ги предводеше домаќините со 15 поени и 3 скока, додека Џелен Рејнолдс беше блиску до трипл-дабл учинок со 18 поени, 10 скока и 7 асистенции кај гостите.

Се вчитува...