Ефес не се предава, се избори за мајсторка против европскиот шампион

Анадолу Ефес се избори за мајсторка во четвртфиналната серија против Панатинаикос откако турскиот гигант по голема битка го доби денешниот четрти натпревар против европскиот првак со резултат 85-82. Слично како и претходните три дуели, така и овој мина во неизвесна кошарка со одлични потези на двете страни. Сепак, Ефес за разлика од мечот од пред два дена овојпат беше поумешен во финишот, заслужено стигнувајќи до победа со која се избори за мајсторка што ќе се игра во Атина следната седмица.

Двата тима се менуваа во водство, Шејн Ларкин беше во главна улога кај Ефес во првото полувреме, додека прв играч на ПАО беше Џеди Осман. За одбележување е дека Ефес повторно одигра фантастична одбрана врз Кендрик Нан, целосно неутрализирајќи го најдобриот противнички кошаркар, кој постигна скромни 12 поени со шут од поле 3/12. Во вториот дел Слукас ја презеде одговорноста кај Панатинаикос, но Ефес ги имаше расположените Османи и Брајант, во клучните моменти блесна и Доужер, за заслужена победа на домашниот тим, изразена со конечните 85-82.

Брајант со 19 поени беше најефикасен кај Ефес, 14 постигна Османи, додека прв стрелец на Панатинаикос беше Осман со 22, пред Хуанчо Хернангомез со 15 поени.

Се вчитува...