Ефремов ќе биде нов голман на Вардар

По неубедливиот старт на новиот шампионат, Вардар ќе се обиде да се консолидира. Нов голман на „црвено-црните“ ќе биде Андреја Ефремов откако ги договорил личните услови со раководството на клубот. Во првото коло, голот на Вардар го бранеше Филип Илиќ, а Ефремов треба да ја зголеми конкуренцијата на голманските позиции по заминувањето на капитенот Филип Гачевски.

Последен клуб на Ефремов беше албанскиот Влазнија Скадар, а има настапувано и за Силекс, Металург, Работнички и Ренова, како и Фамиликао (Португалија) за Локомотив Софија (Бугарија).

 

Се вчитува...