Ефремовски: Да ја добиеме Норвешка потоа се ќе биде полесно

Македонската кошаркарска репрезентација утре од 19 часот во салата „26ти Април“ во Гевгелија ги продолжува натпреварите од претквалификациите за Евробаскетот 2025. „Црвено-жолтите“ прво ги очекува натпревар против досега непоразената Норвешка и јасно е дека овој меч ќе биде огромно значење за исполнување на целта – освојување на првото место во групата.

Виктор Ефремовски се надева на успешен „прозорец“ со две победи, а и ја повика гевгелиската публика за поддршка…

„Треба да продолжиме во победнички ритам. Се надевам на две победи и дека публиката ќе дојде во што поголем број да не поддржи“, вели Ефремовски кој се осврна и кон новиот натурализиран играч.

„Ќе направиме се за да биде добредојден во нашиот тим. Во хендикеп ќе бидеме без Нено, но Шортц е најдобриот стрелец во Бундеслигата и добро ќе дојде на нашиот тим. Норвешка има ист скор како нас и мислам дека ова е клучен меч. Доколку го добиеме потоа се ќе биде полесно“

По овој натпревар следува уште еден на истото место, оној во недела против Данска.

Се вчитува...