ЕХФ објави: Металург пак ќе игра во ЛШ

Македонија и во следната ракометна сезона ќе има два претставници во Лигата на шампионите, откако ЕХФ ја прифати кандидатурата за учество во ЛШ доставена од страна на Металург. Вардар како актуелен првак ќе биде дел од елитните групи А и Б, додека „металурзите“ повторно ќе бидат дел од групите „Ц“ и „Д“, кои според реномето се зад оние првите.

Сепак, мора да се истакне дека сезонава Монпелје стигна до европската круна откако беше дел од „послабите“ групи, и тоа во првата фаза за противник го имаше токму Металург.

Тимот од „Автокоманда“ претходно неколку години по ред стигнуваше до четвртфиналето од ЛШ, што е една од причините што се уште ја ужива довербата на раководството на ЕХФ, па доби позитивна вест и од денешниот Конгрес во Глазгов.

ЕХФ одлучи овојпат Германија да има само два претставници, и тоа Фленсбург и Рајн Некар Левен, а најзастапена ќе биде Франција со три тима, ПСЖ, Нант и европскиот првак Монпелје.

Се вчитува...