ЕХФ одлучи – Металург и следната сезона ќе игра во ЛШ

Македонија и во следната сезона ќе има две екипи во ракометната Лига на шампиони во машка конкуренција. Покрај актуелниот македонски и европски шампион Вардар, во најелитнбото европско натпреварување и следната сезона ќе биде и Металург. Европската ракометна федерација (ЕХФ) го прифати барањето од РФМ и уште еднаш му додели вајлд-карта на македонскиот вицешампион. На денешниот состанок во Загреб беа потврдени листите на учесниците во ЛШ.Сппоред критериумите на ЕХФ одобрени се осум барања за дополнително место во ЛШ. Виза за настап во елитата добија уште и Кил (Германија), Висла Плоцк (Полска) и Нант (Франција) кои се приклучуваат во групите А и Б во кои се 11 национални шампиони вклучувајќи го и Вардар кој е победник во ЛШ.

Дополнително место во Групите Ц и Д добија: Адемар Леон (Шпанија), Монпелје (Франција), Металург (Македонија), Скјерн (Данска) и Горење (Словенија) и тие им се приклучуваат на шест национални шампиони и на еден квалификант. Другите 12 барања за место во ЛШ беа одбиени од ЕХФ.

Во пфетквалификациите за место во групната фаза ќе играат: Спортинг Лисабон (Португалија), Татран Прешов (Словачка), Кокс (Финска), Алпла Хард (Австрија).

Групите во ЛШ ќе бидат одредени со ждрепка на 30 јуни во Љубљана, последниот учесник во ЛШ ќе биде познат по одигрувањето на квалификациите ан 3 септмеври, а натпреварите од групната фаза во ЛШ ќе стартуваат на 13-17 септември.

LS ekipi

Се вчитува...