ЕХФ потсетува: Денот кога Барса плачеше, а Вардар славеше во Келн (видео)

Се ближи почетокот на фајналфор турнирот во Келн, трет во низа на кој ќе учествува и македонскиот првак Вардар. Идентично како и пред две години, полуфинален ривал на „црвено-црните“ ќе им биде Барселона, што беше доволна причина за ЕХФ ТВ најавата за оваа пресметка да ја почне со дуелот од 2017 година.

Тоа беше ден кога Барса плачеше, а Вардар славеше во Келн, како увертира за големиот триумф над ПСЖ во финалето и историската европска круна.

Некои сеќавања никогаш не исчезнуваат, особено оние со кои е испишана историја. Сцената повторно е поставена, може ли Вардар да го повтори успехот од 2017 година или тимот на Чави Пасквал ќе се одмазди. Како и да е, ќе биде „жешко“ во ова полуфинале“ – се вели во најавата на ЕХФ за овој ракометен спектакл.

 

Се вчитува...