ЕХФ ПОТВРДИ: Вардар се враќа во Лигата на шампионите!

Европската ракометна федерација и официјално го објави списокот на учесници за следната сезона во Лигата на шампиони.

А, со објавата на списокот и официјалната потврда дека Македонија повторно ќе има свој претставник, сега во името на новиот шампион Вардар кој доби вајлд-карта за елитното европско натпреварување.

„Вардарци“ по четири години повторно се враќаат во европската елита, со нова предизвикувачка сезона пред себе, како двократен европски шампион по титулите во 2017 и во 2019 година.

Како што информираше ЕХФ, Лигата на шампиони од следната сезона ќе брои 24 тима, кои ќе бидат поделени во шест групи со по четири екипи, ќе се игра двокружен систен. Првопласираните и второпласираните од секоја група ќе продолжат понатаму, додека последните две ќе играаат во Европската лига.

Се вчитува...