Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави ранкингот на екипите пред стартот на новата сезона во Лигата на Европа, каде македонскиот вицепрвак Е. Пелистер котира исклучително високо на втората позиција. Рангирањето, кое ЕХФ го прави е врз основа на квалитетот и моменталната форма.
Пелистерци се наоѓаат во исклучително силна група со германскиот бундеслигаш Гумерсбах, полскиот Гдањск и шпанската Ла Риоха. Дека овој пласман на ранкингот е огромен комплимент потврдува и фактот што зад македонскиот претставник е оставен токму големиот Гумерсбах, додека единствениот тим позициониран пред битолчани е моќниот германски состав на Фленсбург.
Конкуренцијата дополнително ќе се заостри во понатамошниот тек од натпреварувањето, кога во Лигата на Европа ќе се приклучат уште 14 екипи од Лигата на шампионите (12 по групната фаза и уште две по главната рунда).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
