ЕХФ ранкинг: Вардар нема тим за фајналфор во ЛШ?!

ЕХФ продолжува со потценувачкиот однос кон Вардар откако македонскиот тим не се најде меѓу петте најдобри тима на најновото рангирање на официјалната веб-страница на Лигата на шампионите.

Елитното европско натпреварување продолжува вечерва со дуелот меѓу Рајн-Некар Левен и Нант, а Вардар ја има фаворитската улога во осминафиналниот двомеч против Загреб. Сепак, „црвено-црните“ бележат пад во однос на претходната ранг-листа, па сега се наоѓаат на шестото место според ЕХФ.

„Момците од Скопје продолжуваат да импресионираат сезонава и покрај бројните промени минатото лето. Домашниот пораз од Веспрем беше единствениот „кикс“ во 2019 година, поради што паднаа на третото место во групата А и сега ги очекува тежок тест со Загреб“ – се вели во објаснувањето за ваквото рангирање на македонскиот првак.

Францускиот гигант ПСЖ е лидер на оваа ранг-листа пред Барселона, а на третото место се наоѓа Пик Сегед, кој е потенцијален ривал на „вардарци“ во четврт-финалето од Лигата на шампионите. Веспрем е четврторангиран тим во Европа за месец март, а пред Вардар се наоѓа уште и германскиот првак Фленсбург. Зад „црвено-црните“ Топ 10 листата ја комплетираат Кјелце, Нант, Рајн-Некар Левен и Спортинг Лисабон.

Се вчитува...