ЕХФ со барање: Ракометните мундијали да бидат со 32 репрезентации

Европската Ракометна Федерација (ЕХФ) на конгресот што се одржа во Глазгов дискутираше и за можноста за зголемување на бројот на репрезентации што би учествувале на ракометните мундијали. Во тој правец, поднесена е и иницијатива до ИХФ за на светските шампионати во иднина наместо досегашните 24, дел да бидат дури 32 национални селекции.

ЕХФ неодамна го зголеми бројот на репрезентации на европските шампионати, а сега очекува истиот тренд да го следи и светската куќа на ракометот. Целта според претседателот Видерер и неговите соработници е популаризација и натамошен развој на спортот. Како пример се наведува фудбалот, по одлуката на ФИФА да ги зголеми бројот на репрезентации на 48, почнувајќи од СП 2026.

Првиот ракометен мундијал се одржа во 1938 година со четири земји-учеснички, а од 1995 година бројот на репрезентации изнесува 24.

Се вчитува...