ЕХФ воведува револуционерно правило – Тренерите ќе може да побараат „челинџ“ на судиските одлуки

Европската ракометна федерација (ЕХФ) на состанок во Шведска каде се игра завршницата на Светското ракометно првенство донесе одлука да се воведе еден новитет во ракометната игра.

Европската ракометна федерација на состанокот на Извршниот Комитет во Стокхолм, донесе одлука дека во европските натпреварувања – Лига на шампиони, Лига на Европа и Европски куп, ќе се имплементира систем „челинџ“, односно дека тренерите ќе може да побараат проверка на одлуките на судиите.

Секој тренер ќе има по една таква можност на натпревар, по која судиите ќе ја проверат својата одлука и или ќе ја потврдат или ќе ја променат. Во најдобар случај, оваа одлука на ЕХФ ќе биде за првпат користена, односно реализирана на завршните турнири во Лигата на шампионите во Будимпешта и Келн оваа сезона.

Се вчитува...