ЕКИПА ги претставува кошаркарските прволигаши – МЗТ Скопје

МЗТ Скопје ги промени речиси сите страници, но „металците“ повторно го имаат најквалитетниот тим во мак-баскетот и пред себе имаат највисоки цели – атак на двојната круна на домашната сцена.

ПРЕДВИДЕН ФИНИШ ЗА СЕЗОНА 2021/22 – ТОП 4

Сезоната 2021/22 во македонската кошарка не донесе новитет и ја продолжи доминацијата на МЗТ Скопје која трае една деценија. Аеродромци кои се соочија и со смена на раководството и незаслужена смена на тренерската позиција по заминување на клучен играч на крајот по аквизицијата на Ајви и очекувано стигнаа до деветтата шампионска титула без сериозни проблеми.

Не само што ја продолжија доминацијата, туку аеродромци се изборија и за камбек во АБА1. МЗТ Скопје не славеше во финалето од АБА2, но кармата за сезоната 2019/20 се одрази во вистински момент.

Сега кога аеродромци се назад во „елитата“ на „Јадранот“ мора да се напомене една од главните карактеристики на МЗТ Скопје во АБА-лигашката ера – недовербата во тренерите. Во Аеродром „слетуваа“ и „полетуваа“ стратези и по неколку пати во една сезона, некои од нив заслужено, други и не до толку, но вината и решението секогаш се бараше на „жешкото столче“.

Овој тренд запре со раководство кое му даде доверба на Ѓорѓи Кочов, а и покрај тоа што младиот стратег доби време за развивање на еден концепт, не доби поддршка за финален продукт кој подоцна преку Радуловиќ и Петровиќ и ги врати аеродромци онаму каде што припаѓаат.

Токму затоа по секоја цена на долга патека на клупата мора да остане Александар Петровиќ, не само поради тоа што тој претставува во Аеродром, бидејќи треба време за реализација на визијата која Петровиќ повеќепати ја нагласува за млад состав што во моментот не е случај. Искусниот стратег е добро познат по вадењето на максимум од младите па заслужува воошто да не стравува за своето место во обидот да се извлече најдоброто без разлика на резултатот.

МЗТ Скопје ќе има тешка сезона, пред се во АБА лигата и не само во воведните натпревари против евролигашките и Еврокуп екипите. Лидери на тимот се браќата Стојановски чиј квалитет не е оспорлив, но во едно физичко доминатно првенство како „јадранското“, проследено со бројни патувања и клубови желни за докажување дома придонесот на 34, наскоро 35-годишните кошакари во еден момент ќе изостане.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

ПРЕДВИДЕН ФИНИШ ДОМА: Финале

Доколку ги гледаме сезоните наназад, за МЗТ Скопје регуларниот дел од домашното првенство секогаш носи по некое изнанедување, така ќе биде и оваа сезона, тоа добро го знае и самиот Петровиќ кој го совладуваше тимот со Академија ФМП, но МЗТ Скопје секогаш игра најдобро кога е најпотребно, а со оглед на составот веројатноста за продолжување на доминацијата во макбаскетот е големата.

На МЗТ Скопје ќе му се „суди“ за настапот во АБА лигата, а и покрај тоа што тимот има сериозни шанси за изборување на место меѓу „елитата“ и следната сезона, повторен излез од првенството најверојатно ќе се смета за дебакл. Но, доколку ја согледаме реалната слика на македонската кошарка која е во претквалификациско ниво, факт е дека не МЗТ Скопје, туку мак-баскетот мора да помине низ сериозен процес за стабилност меѓу кремот на „Јадранот“.

А, за вакво сценарио да се избегне на МЗТ Скопје ќе му требаат најверните и полна сала за „ветер в грб“ како што беше случајот во минатото кога Скопје важеше за неосвоива тврдина. Редно е „Јане Сандански“ и „сино-белиот“ дел од градот да докажат дека се уште ја сакаат кошарката и со полна сала на секој меч АБА повторно да ја почувствува моќта на Аеродром. Вчера тренерот Петровиќ изјави дека „на мака се познаваат јунаците“ па и кога ќе дојде до серија на порази мора да се застане зад тимот.


Промени во составот

Заминаа: Кристијан Николов, Немања Милошевиќ, Роберт Рикиќ и Хуан Дејвис

Пристигнаа: Мајк Кафи, Андреј Магдевски, Страхиња Миќовиќ, Еван Максвел, Андреј Андоновски, Самет Јигитоглу и Димитар Пандев

Останаа: Војдан и Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Бре Ајви, Адем Мекиќ, Дамјан Робев и Бојан Величковски

МЗТ Скопје има добро пополнет состав на сите позиции и тоа можевме да го видиме на Суперкуп натпреварот против ТФТ и покрај тоа што изостануваа Андоновски, Мекиќ и Максвел. Аеродромци со стартната петорка за само две минути успеваше да направи двоцифрена серија, но и истата да ја испушти во ист период кога лидерите не беа на теренот. Ова дефинитивно е дел кој „сино-белите“ мораат да го поправат што поскоро бидејќи истото може да помине во Македонија, но казната во АБА ќе биде значајна.

Странските засилувања се погодени, Кафи и Миќовиќ кој воедно е и одлична замена за МВП-то на минатогодишното финале Милошевиќ, заедно со браќата Стојановски ќе бидат клучен дел од тимот и останува само да видиме каква ќе биде ситуацијата со американскиот центар.

Доколку Максвел не може да ја продолжи сезоната, или пак изостанува на добар дел од неа тоа ќе биде голем проблем за „штрковите“ со оглед на прикажаното на подготовките и лимитираните опции на пазарот при почетокот на сезоната.

Самет Јигитоглу има потенцијал, но 18-годишникот мора да напредне во повеќе сегменти од играта за конкуренција во АБА првенството, а Димитар Пандев ќе биде конкурентен само на домашната сцена. Бојан Крстевски е секогаш стандарден, но мора да има сериозна помош во борбата против екипите од АБА.

Се вчитува...