ЕКИПА ТВ – Елиф Елмас: Го заслужуваме Европското првенство

Најмладиот член на македонската фудбалска репрезентација, Елиф Елмас, верува дека националниот тим може и треба да игра на следното Европско првенство. И покрај поразот од Ерменија кој покажа дека македонскиот состав не е суспериорен во најслабата конкуренција од Д дивизијата, Елмас очекува првиот дел од агендата да биде завршен со победи против Лихтенштајн и против Гибралтар.

Неговиот Фенербахче во турското првенство е далеку од очекуваните и вообичаените резултати. Елмас беше дел од ремито 2-2 во големото истанбулско дерби со Галатасарај. Тој знае какво е значењето на овие пресметки, но вели дека не чувствува ниту страв ниту притисок.

Се вчитува...