Мијатовиќ открива: Иниеста беше блиску пред потпис со Реал Мадрид

Поранешниот спортски директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ кажа дека во негово време се обидел да го донесе Андрес Иниеста во Реал Мадрид.

Србинот во 2006 година стана спортски директор на „кралевите“ а на таа функција беше до 2009 година.

„Сакав да го донесам Иниеста во Реал Мадрид. Мислам дека бевме блиску до договор. Разговаравме со неговиот татко, преку него го контактиравме агентот, сакаа да ја платиме клаузулата. Иниеста беше феномен“, рече Мијатовиќ.

За сегашната Барселона кажа дека многу му се допаѓа играта на Педри и на Гави, кои ги сметаат за наследници на Иниеста и на Чави.

Се вчитува...