Екс-фудбалер на Челси за малку ќе го убиел Абрамович!

Весникот „Сандеј Мирор“ во своето денешно издание донесе „бомбастична вест“ откако поранешниот фудбалер на Челси, Пет Невин, обелодени дека за малку ќе го убиел газдата на лондонскиот клуб, Роман Абрамович. Инцидентот бил случаен, а рускиот милијардер ќе настрадал додека го возел својот велосипед.

„Возев во северниот дел од Аран, имаше остар свиок и за малку ќе прегазев човек што беше на велосипед. Го видов буквално во последен момент, сигурно ќе го убиев на лице место доколку до удрев со автомобилот. Неколку секунди подоцна забележав дека е тоа Роман Абрамович. Тој ја имаше оставено јахтата на брегот, па возеше велосипед за да се раздвижи. Каква приказна ќе беше тоа… екс-играл на Челси го уби газдата на клубот… Тој до ден денеска не знае дека тоа бев јас“ – открива Невин.

Пет Невин настапуваше за Челси во периодот од 1983 до 1988 година, одигрувајќи 200 натпревари и постигнувајќи 36 погодоци за овој клуб пред да се пресели во редовите на Евертон.

Се вчитува...