Челси добро ја почна сезоната, но Чаби Алонсо има причина да биде разочаран откако клубот не успеа во посакуваниот маневар во последниот ден од преодниот рок.
Енцо Фернандез беше продаден на Манчестер Сити за рекордна сума, но Алонсо доби ветување дека ќе биде доведена соодветна замена. Се беше договорено со Монако за ангажманот на Ламин Камара, но „кнезовите“ буквално во „пет до дванаесет“ се премислија, поради што англискиот гигант остана со празни раце.
Преодниот рок е завршен, па Челси може да ангажира само фудбалери што се без договор, а „сините“ веќе тргнаа во офанзива. Холандскиот ветеран Џини Вајналдум e слободен играч по истекот на договорот со Ал Етифак, поранешниот фудбалер на Ливерпул најави дека сака да се врати во Европа, а првиот контакт со Челси е веќе воспоставен.
Лондонскиот клуб веќе го доведе неговиот поранешен соиграч Џордан Хендерсон, па Чаби се наоѓа дека со Вајналдум тимот уште повеќе би добил на искуство и победнички менталитет, нешто што им недостигаше на „сините“ во последните неколку сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
