Екс-фудбалер на Реал Мадрид по втор пат објави крај на кариерата

Холандскиот интернационалец Ројстон Дренте објави дека и дефинитивно завршува со фудбалот. Екс фудбалерот на Реал Мадрид еднаш веќе објави пензија, во 2017 година, но потоа се пресели во холандската втора лига. Сега кажа дека е дефинитивно крај.

Дренте беше дел од Реал Мадрид, Феенорд, Аланија, Ридинг и други клубови. Во 2017 година објави дека ќе заврши со фудбалот, и дека ќе стане рапер. Сега не знае што ќе работи во иднина. Тој досега играше во Козакен Бојс од холандската 2-ра дивизија.

„Ова е навистина крај. Раководството на сегашниот клуб се повика на тренерот кој рекол дека треба да се разделиме со неколку играчи. Тренерот негираше за такво нешто, но јас веќе објавив дека ставам крај. Ќе размислам за иднината следната недела. Дефинитивно тренерската работа не е за мене, сега се концентрирам на работа на телевизија. Многу е забавно, ќе има нови проекти. Дефинитивно ќе одбијам да продолжам со фудбал. Супер беше се, но ова е крај“, изјави Дренте.

Неодамна во едно интервју Дренте кажа дека премногу бил фокусиран на забавите и жените, и тоа му влијаело на кариерата.

Се вчитува...