Рикардо Прасел е поранешен бразилски голман кој во еден момент од фудбалската кариера настапуваше и за Челси. Во сезоната 2009/10 како млад голман беше трет избор за „сините“ зад Петр Чех и Хиларио, а и покрај тоа што очекувањата беа дека еден ден ќе биде „број еден“ во изборот на лондонскиот тим неговата кариера не се одви во вистинска насока.
За Челси настапуваше само една сезона по што следеше трансфер во белгискиот РФЦ Лутих каде поради повреда мораше да ја заврши фудбалската кариера на 21-годишна возраст.
Прасел замина од фудбалот, но не и од светот на спортот. Фудбалот го замени за боречките спортови со успешен настап и во ММА. Бразилецот беше редовен борач од 2015 до 2022 година, а по неколкугодишната пауза се врати во рингот за „KSW 94“ борбата која се одржа во полскиот град Гданск, но таму доживеа брутален нокаут од словачкиот борач Стефан Војчак.
Во втората рунда Бразилецот падна на подот по што веднаш беше прекината борбата, а Прасел долго време не можеше да стане и му биде потребна лекарска помош.
Shoulder injury coupled with a vicious uppercut were simply too much. 🇸🇰 Štefan Vojčák wins via TKO in 2nd round! 💥
XTB #KSW94 | Viaplay | KSWTV pic.twitter.com/4CLQYzAt2K
— KSW (@KSW_MMA) May 11, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА