Екс-кошаркар на Карпош Соколи уапсен во Белград

Поранешниот кошаркар на Карпош Соколи, Драган Лабовиќ, денеска бил уапсен во Белград по серијата инциденти што ги направил во главниот град на Србија.

Лабовиќ најпрвин влегол во конфликт со еден таксист, вербалната прераснала во физичка пресметка, од која подебелиот крај го извлекол таксистот. Лабовиќ потоа го зел автомобилот на таксистот и се возел до градинката во која работела неговата мајка, за и таму да направи нов инцидент. Како што пишува српскиот портал „Курир“, екс-кошаркарот бил приведен непосредно по инцидентот во градинката.

Лабовиќ има 34 години, а кариерата ја заврши во 2019 година. Тој ја мина сезоната 2016/2017 во дресот на Карпош Соколи и беше меѓу најзаслужните за одличната сезона во која „соколите“ го освоија Купот на Македонија и стигнаа до финалето во плејофот, каде загубија од МЗТ Скопје.

Наредната сезона клубот финансиски колабираше, а српскиот крилен центар се пресели во Финска, извесно време настапуваше за тимот на Нокиа пред да објави крај на кариерата.

Се вчитува...