Екс-претседателот на Реал Мадрид на интензивна нега поради коронавирусот

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Лоренцо Санс, примен е во тешка состојба во болница и се бори за живот поради коронавирусот. Со оглед на возраста (76-години), поранешниот прв човек на „кралскиот клуб“ спаѓа во ризичната група граѓани и јасно е дека во наредните неколку дена ќе води тешка борба откако било утврдено дека има пневмонија и отежнато дишење.

Лоренцо Санц пред да стане претседател во 1995 година беше директор во Реал Мадрид, а во неговиот мандат се освоени две титули во Лигата на шампионите. По него, Флорентино Перез првпат дојде на чело на најтрофејниот европски клуб.

Се вчитува...