Екс-тренер на Црвена Звезда ќе го води Алиоски во Ал-ахли?

Поранешниот тренер на Црвена Звезда, Владан Милојевиќ е пред враќање во Ал-ахли, пренесуваат медиумите од Саудиска Арабија. Доколку прифати да се врати на кормилото на тимот кој го водеше во сезоната 2020/2021, српскиот стратег ќе соработува со нашиот репрезентативец Езгијан Алиоски кој во летниот трансфер рок потпиша за прволигашот од Саудиска Арабија.

Милојевиќ се раздели со АЕК Атина и сега е на чекор до враќање во тимот. Тој најголемиот успех го направи во Црвена Звезда каде беше во периодот од 2017 до 2019 година, а со белградскиот тим успеа да се квалификува и во Лигата на шампионите.

 

 

Се вчитува...