Екс-вардарецот Глишиќ го засили Шкупи

Поранешниот вардарец Дарко Глишиќ е нов член на македонскиот прволигаш Шкупи. Тој потпиша договор на една и пол сезона со тимот од Чаир и се враќа во македонското првенство откако две години беше интернационалец во Бугарија, во Септември Софија и во Арда.

Глишиќ ќе ја засили конкуренцијата во составот на Шкупи на левата бековска позиција, а в четврток ќе им се придружи на новите соиграчи на подготовките во Анталија. Тој беше интернационалец и во Грузија во составот на Динамо Тбилиси, како и во Олимпик Сараево во БиХ, а во Македонија има играно и за Напредок, Скопје, Тетекс и за Вардар.

Се вчитува...