„Ел Класико“ ќе го води судијата кој во 2017 му покажа црвен картон на Роналдо против Барса

Рикардо де Бургос Бенгоечеа ќе ја има улогата на главен судија на неделното „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид што ќе се игра на „Камп Ноу“.

Судијата од Баскија беше задолжен за делење на правдата и на последното дерби од Супер-купот на Шпанија што се одигра во Саудиска Арабија пред два месеци, кога Барса славеше со 3-1.

Бенгоечеа останува запаметен како судија што му покажа црвен картон на Кристијано Роналдо на мечот од Супер-купот во Шпанија одигран на 13 август 2017 година. Португалецот тогаш доби жолт картон поради соблекување на дресот при прослава на голот, па втор пат пожолте откако Бенгоечеа оцени дека тој се обидел да изглуми пенал.

Кристијано беше бесен и по тој натпревар доби казна од дури пет меча суспензија, а „кралевите“ беа разочарани и поради сомнителниот пенал што Бенгоечеа на истиот натпревар го досуди по стартот на Кејлор Навас над Луис Суарез.

Севкупно гледано, Барселона има скор од 20 победи, едно реми и четири порази на средбите на кои на каталонците им судел овој арбитар. Што се однесува до Реал Мадрид, скорот на „кралевите“ на натпреварите на Бенгоечеа како главен судија изнесува 15 победи, три реми и два порази.

Се вчитува...