Ел Класико: Меси почнува на клупата, Барса со Малком, Реал со Љоренте

Лионел Меси не е доволно „фит“ за да го стартува вечерашното „Ел Класико“ против Реал Мадрид, кое аргентинскиот ас ќе го почне од клупата за резерви. Најдобриот фудбалер на Барселона вчера тренираше ссо остатокот од тимот, но лекарскиот тим даде препорака тој вечерва да не биде стартер, за да не се ризикува посериозна повреда во пресрет на клучниот дел од сезоната.

Така, Меси почетокот од вечерашниот дуел на „Камп Ноу“ ќе го следи од клупата, а Барса ќе го стартува вечното дерби со следните единаесетмина: Тер Штеген, Семедо, Пике, Ленгле, Алба, Бускетс, Ракитиќ, Артур, Малком, Суарез, Кутињо.

На спротивната страна, Сантијаго Солари ги остави на клупата Асенсио, Бејл и Иско, но затоа шанса во првиот тим доби Љоренте.

Реал ќе го стартува денешното „Ел Класико“ со следните 11 фудбалери: Навас, Карвахал, Марсело, Рамос, Варан, Љоренте, Модриќ, Крос, Лукас Васкез, Винисиус, Бензема.

Се вчитува...