ЕЛ КЛАСИКО: Обамејанг носи водство на Барселона на „Сантијаго Бернабе“ (ВИДЕО)

Барселона има водство од 28. минута преку Обамејанг на дуелот со Реал Мадрид. И покрај тоа што „кралевите“ почнаа подобро со шанса за Валверде, потоа се беше во знакот на Барселона.

Обамејанг прв имаше шанса, а потоа и Дембеле, но два пати бранеше Куртоа. Следуваше и обидот на Феран Торес, а потоа и чудното враќање на топката на Модриќ кое можеше да заврши во мрежата на Тер Штеген.

Меѓутоа во 28. минута Дембеле продре по десната страна, нафрли до Обамејанг кој со глава го совлада Тер Штеген.

Голот на Обамејанг низ следниот ЛИНК.

Се вчитува...