„Ел Класико“ во Евролигата: Барса е закон за Реал под кошевите

Кошаркарите на Барселона дополнително се зацврстија на врвот од табелата во Евролигата откако во кошаркарското „Ел Класико“ славеа на гостувањето против Реал Мадрид со 76-81.

Каталонците потврдија дека се најдобриот тим во моментов во Европа, од самиот почеток на мечот против Реал поведувајќи па одржувајќи го водството до крајот на натпреварот.

Најефикасен во триумфот на Барселона беше Ориола со 18 поени, а со 13 поени натпреварот го заврши Никола Миротиќ.

Во останатите натпревари Панатинаикос славеше против Макаби Тел Авив со 81-63, Црвена Звезда го победи Химки со 92-81 а Алба славеше на гостувањето против Лион со 89-95.

Се вчитува...